Клоп по Тотенхем: Им реков на играчите, па не сме на погреб…

Победничката серија на Ливерпул во Премиер-лигата беше прекината со синоќешното реми против Тотенхем, со што „црвените“ дополнително си ги намалија ионака малите шанси за освојување на титулата.

Јирген Клоп по мечот ги пофали играчите за залагањето, истакнувајќи дека атмосферата во соблекувалната била траорна.

Секако дека сум разочаран, сакав да победиме како и сите, но мислам дека најразочарани се фудбалерите. Кога влегов во соблекувалната беа толку тажни, првото што им го реков е дека не сме на погреб, мора да се крене атмосферата бидејќи има уште за играње. Би сакал да верувам дека Сити можеби ќе се лизне некаде, но да бидам искрен, не гледам како тоа би се случило. Без оглед на се, тоа не ја менува нашата работа, да одиме на секој натпревар на победа“, изјави Клоп.

Германскиот стратег не беше импресиониран од тактиката на Тотенхем, особено ако се знае дека и „спарси“ мораа да бркаат победа за да останат во игра за четвртото место.

„Да се задржува времето е секогаш ефективен начин да се игра против Ливерпул. Сепак, Тотенхем остана на петтото место, така што и на нив овој бод не им донесе нешто премногу“, прокоментира Германецот.

Се вчитува...