Клоп подготвен да издвои богатство за млада германска „ѕвезда“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е подготвен да издвои богатство за услугите на младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Кај Хаверц. Имено, Клоп е подготвен да издвои неверојатни 125 милиони евра за неговиот сонародник.

За него покрај Ливерпул, интерес покажаа и Баерн Минхен, Барселона и Манчестер Јунајтед, па повеќе од сигурно е дека 19 годишниот фудбалер наскоро ќе ја промени средината. Тој уште минатото лето беше поврзан со неколку клуба, но Леверкузен не доби вистинска понуда за неговите услуги.

Кај Хаверц во дресот на „фармацевтите“ досега запиша 102 натпревари, на кои постигна 26 гола.

Се вчитува...