Клоп повторно плаче: За некои работи подобро е да го прашате господинот Тирни

Ливерпул одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Тотенхем во 18. коло од Премиер-лигата. Главниот судија на натпреварот Тирни имаше неколку спорни ситуации во кои на крајот повеќе оштетени беа црвените од Енфилд.

По натпреварот менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше нервозен и целиот бес го насочи токму кон арбитарот на натпреварот.

„Некои од прашањава подобро е да му ги поставите на господинот Тирни. Робертсон заслужи црвен картон, но црвен картон заслужи и Кејн. Зошто постои ВАР кога се гледа за Робертсон, а за Кејн и за пенал над Жота ништо. Навистина не знам кој е проблемот на судијата со мене“, изјави Клоп. 

Се вчитува...