Клоп преку татко му прави планови за трансфер на Килијан Мбапе

Ливерпул покажува се посериозен интерес за Килијан Мбапе, а ваквата информација француските медиуми ја потврдуваат со тврдењето дека лично менаџерот Јирген Клоп му се јавил на таткото на младиот фудбалер за да разговараат за идните планови. Наводно, Клоп му се јавил на Вилфред Мбапе околу потенцијалниот трансфер во текот на претстојново лето.

Уште во 2017 кога Мбапе се подготвуваше да го направи првиот чекор кон европскиот фудбал, Ливерпул контактирл со неговите претставници. Сега кога Клоп има шампионски состав смета дека треба да има и дел од најдобрите светски играчи во тимот.

Германецот е свесен дека ваков договор би било многу тешко да се реализира. Во ноември минатата година, Клоп рече дека не гледа клуб кој би можел да го купи Мбапе од ПСЖ.

 

 

Се вчитува...