Клоп пресреќен: Сте виделе ли некогаш ваква екипа?

Јирген Клоп од трет обид успеа да стигне до титулата во Лигата на шампионите, па германскиот стратег разбирливо не го криеше воодушевувањето по големиот триумф над Тотенхем.

Пресреќен сум, за овие момци, за сите луѓе кои не бодрат, како и за моето семејство, кое сега нема да биде исмејувано за поразите што ги трпев во финалните натпревари. Ова без конкуренција ни е најубава ноќ во кариерите, но кажете ми, дали сте виделе некогаш ваква екипа? Горд сум на моите играчи, ни требаше време за да стигнеме до ова ниво, но со игрите што ги покажавме дефинитивно заслуживме ваква радост“ – истакна Клоп.

Тој се заблагодари и до највисокото раководство на клубот за слободата во работата што му била дадена.

„Загубивме три финалиња, а во ниту еден момент не почувствував никаков притисок. Тоа ми овозможи да работам уште подобро, но токму затоа голем дел од заслугите за оваа титула одат на адреса на Џон Хенри, Мајк Гордон и Том Вернер“ – порача Јирген Клоп.

Се вчитува...