Клоп против „циркусот“ на Сити и Јунајтед – Германецот удри со дрва и камења по клубовите од Манчестер!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека клубовите од Манчестер трошат пари како да се наоѓаат во „циркус“. За разлика од ривалите за титулата, Ливерпул беше прилично тивок ова лето и го ангажираше само стоперот на Лајпциг, Ибрахим Конате за 34 милиони фунти.

Од таа причина, многумина не ги рангираат фудбалерите на Клоп меѓу најголемите фаворити во борбата за Премиер лигата, заедно со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси, па затоа Клоп беше запрашан зошто не е поактивен во трансферот на „пазарот“.

„Се одличив да ги правам работите на овој начин, ваквиот потег се покажа успешен и претходно. Освоивме неколку трофеи правејќи ги работите на специфичен начин, но потоа секогаш ме прашуваат зошто го правиме тоа така. Секогаш истото. Мислиме дека има смисла да ги продолжиме договорите со играчите што веќе ги имаме и го направивме тоа. Не направивме ништо спектакуларно како другите, но мислам дека не треба да носите играчи само за да бидете во циркусот. Другите тимови доведоа голем број на фудбалери и тоа е сосема во ред. Сега ќе играме против нив и ќе видиме што можеме да направиме. Мислам дека парите не секогаш гарантираат квалитет во тимот“, рече Клоп, индиректно посочувајќи ги своите најголеми ривали.

Сепак, тој потенцираше дека не го интересира што точно прават другите клубови и дека е свесен дека е досаден за другите менаџери. За потсетување, Сити летово го ангажираше Џек Грилиш за 100 милиони фунти, Манчестер Јунајтед ги доведе Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан за вкупно 130 милиони фунти, додека Челси потпиша со Ромелу Лукаку за 100 и го донесе Саул Нигез на позајмица.

Се вчитува...