Клоп: Сакам повторно да играме финале, но не сум сигурен дека го можеме тоа

Менаџерот на актуелниот европски шампион Ливерпул, Јирген Клоп смета дека на неговиот тим ќе му биде многу тешко да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, а додава и дека не очекува доминација на англиските тимови во најсилното европско натпреварување.

„Во овој момент не сум сигурен дека повторно ќе играме финале. Имаме исти шанси како и сите останати и тоа е тоа. Не мислам дека англиските тимови ќе доминираат. Верувам дека има многу клубови кои можат да направат добар резултат“, изјави Клоп. 

Жребот за новата сезона во Лигата на шампионите е денеска со почеток во 18 часот, а Ливерпул како актуелен европски првак ќе се најде во првиот шешир.

Се вчитува...