Клоп: Самите сме си виновни, првпат видов ваква тактика…

Јирген Клоп има причина за разочараност откако Ливерпул вечерва ремизираше 1-1 против ВБА, пропуштајќи шанса уште повеќе да се зацврсти на првото место на премиерлигашката табела. Вест Бромвич допатува како огромен аутсајдер на „Енфилд“, Ливерпул доминираше во првото полувреме, но потоа дојде до огромен пад во играта на „црвените“, што беше казнето од противникот.

Германецот не бараше алиби за поразот, потенцирајќи дека „црвените“ со слабото издание во текот на второто полувреме самите се виновни што не стигнале до цел плен на оваа средба.

„Самите сме виновни. Првпат видов ваква формација, 6-4, како што играше ВБА во првото полувреме. Сепак, да бидеме фер, гостите одиграа токму онака како што сакаа и стигнаа до резултатот што го посакуваа. Реалноста е дека ние моравме да бидеме многу подобри, не создадовме доволно шанси и затоа на победивме“, изјави Клоп.

Се вчитува...