Клоп: Само идиот може да се сомнева во овој тим на Ливерпул

Ливерпул претрпе два порази во февруари, од Атлетико Мадрид во ЛШ и од Ватфорд во Премиер-лигата, но Јирген Клоп не гледа потреба од „аларм“ во тимот. Германецот инсистира дека нема потреба да се врши дополнителен притисок врз фудбалерите, имајќи апсолутна доверба дека Ливерпул експресно ќе се врати на победнички патеки.

„Може да се случи да им се налутам на играчите, но не можам да се лутам кога ќе се загуби еден натпревар во цела сезона во Премиер-лигата. Ако им влезам во соблекувална и почнам да врескам по нив како да загубиле десет меча, тоа ќе биде неразумно. Точно е, имавме состанок, беа кажани некои работи, но во нив немаше бес и остра критика. Секако дека и самите фудбалери сакаат да го возвратат ударот. Минавме долг период играјќи сензаионален фудбал, постигнавме феноменални голови, се до тој меч со Ватфорд. Навистина, претрпевме пораз, но само идиот може да се сомнева во квалитетот на овој тим на Ливерпул. Да бидам искрен, овие играчи ја заслужуваат мојата доверба и тоа нема да се смени само поради една слаба средба“, изјави Клоп.

„Црвените“ имаат тежок предизвик вечерва, гостувајќи му на Челси во осминафиналето од ФА Купот на Англија. Гомез и Милнер повторно му се враќаат на располагање на Клоп, кој нема да може да смета на Хендерсон, Кеита и на Шакири. На спротивната страна, Челси исто така ќе биде ослабен поради неиграњето на Абрахам, Канте и Пулишиќ.

Се вчитува...