Клоп со писмо му одговори на дете кое бара од него да престане да победува

Младиот навивач на Манчестер Јунајтед беше толку очаен што се одлучи да му испрати писмо на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп како би го замолил ако може да престане да победува. Дараг Крли на крајот на јануари му напиша писмо на германскиот тренер барајќи од него ако може да престане да победува и со тоа да не ја освои титулата во Премиер-лигата. По месец дена Клоп се одлучи да му одговори на 10-годишниот навивач на „црвените-ѓаволи“.

„Жал ми е но, не можам да го прифатам вашето барање. Моја работа е да направам се што можам за Ливерпул да победи, бидејќи постојат милион луѓе ширум светот кои сакаат тоа да се случи, па затоа не сакам да ги изневерам. За среќа по вас ние губевме во минатото, а ќе губиме натпревари и во иднина. Читајќи го писмото што ми го пративте, можам да потврдам дека единствена работа која нема да се промени е вашата страст за фудбалот. Јунајтед е среќен што има фанови како вас. Се надевам дека нема да бидете претерано разочарани доколку го освоиме трофејот“, напиша Клоп. 

Ливерпул е на чекор до освојување на титулата во Премиер-лигата која навивачите на „црвените“ од Енфилд ја чекаат 30 години.

Се вчитува...