Клоп „удри“ по судиите: Чист фаул врз Алисон, црвен картон за Вест Хем….

Јирген Клоп после првиот пораз сезонава, ги обвини судиите за неуспехот против Вест Хем. Тој после натпреварот рече дека првиот гол на Вест Хем бил од фаул, и дека требало да додели црвен картон на еден играч на домашниот тим поради остар старт.

„Чист фаул на Огбона врз Алисон. Како може да не биде? Рамото на Огбона е таму. Чист црвен картон на Кресвел по стартот над Хендерсон. Без дискусија“, рече Клоп по мечот.

После се осврна на натпреварот.

„Постигнавме израмнувачки гол и потоа целосно го контролиравме натпреварот. Не бевме многу добри во вториот дел, а Вест Хем беше одличен по противнападите.“ изјави Клоп.

Се вчитува...