Клоп: Вака повеќе не може, загрижен сум за продолжување на шампионатот … ни треба помош!

Коронавирусот прави големи проблеми во англиската Премиер лига. Натпреварите се одложуваат, а денеска се очекува состанок на раководството на лигата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека е загрижен за продолжување на шампионатот.

„Вака повеќе не може, игравме во среда, недела и вторник. Тоа не е можно. Сакаме да играме, но ќе ни треба помош околу распоредот. Најважното нешто за кое треба да разговараме е дали можеме да продолжиме или не. Ако продолжиме, тогаш не можеме како што планиравме. Ако не можеме и направиме пауза, тоа е во ред. Пред ширењето на вирусот ни беше кажано дека ќе имаме малку густ распоред, но сега корона кризата ни го зададе вистинскиот удар и ни кажува дека не можеме да продолжиме вака“, вели темпераментниот експерт.

Во Англија се игра со брзо темпо за време на Божиќ и Нова Година, а со оглед на зголемениот број на играчи позитивни на коронавирус, сега е доведена во прашање Премиер лигата. Во текот на викендот се одиграа само четири натпревари во Англија, што е случај без преседан.

Се вчитува...