Клоп: Вакцинацијата е ограничување на слободата, а возењето пијан не?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференцијата во пресрет на дерби дуел против Манчестер Сити говореше на повеќе теми, а една од нив беше и задолжителната вакцинација.

Интересно, германскиот стратег истата ја спореди со возењето во пијана состојба за која вели дека исто така претставува ограничување на слободата.

„Претпоставувам дека сите сме биле во ситуација кога сме испиле едно или две пива и сме мислеле дека можеме да управуваме со возило, но законот бидејќи законот не го дозволува тоа не го правиме. Иста е ситуацијата со вакцините. Законот е тука да ги штити сите, а не поединците. Не разбирам зошто задолжителната вакцинација е ограничување на слобда. Ако е така, тогаш и забраната за возење во пијана состојба е ограничување на слободата“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...