Клоп верува во чудо: Освојувањето на Премиер-лигата не е невозможна мисија

Јирген Клоп, менаџерот на англискиот фудбалски гигант Ливерпул, верува дека освојувањето на Премиер-лигата не е невозможна мисија. „Црвените“ на едно коло пред крајот на сезоната имаат само еден бод помалку од актуелниот шампион и лидер на табелата Манчестер Сити.

Ливерпул на почетокот на годината заостануваше 14 бода зад Сити, но оттогаш славеше на 15 од 17 одиграни натпревари, па сега се на само еден бод зад популарните „граѓани“.

„Никогаш не сме се откажале, ќе се обидеме, веруваме во чудо“, изјави Клоп по синоќешната победата на Ливерпул над Саутемптон.

Во последното коло викеднов Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон на „Енфилд“, а Сити ќе го нагости тимот на Астон Вила.

„Ова е домашен натпревар, последниот натпревар во сезоната. Ние имаме своја работа. Фудбалот понекогаш е незгодна игра. Мораме да бидеме фокусирани на себе. Секако, малку е веројатно затоа што Сити игра на домашен терен со Астон Вила, која исто така во четврток има натпревар за опстанок против Барнли. ‘Волците’ ќе имаат една недела одмор“, изјави Клоп.

На пресот по триумфот над Саутемптон, Клоп се потсети на 2019 година, сезоната во која исто така во последното коло се решаваше прашањето на шампионот.

„Тогаш Сити ја освои титулата, така што дефанзивецот на „граѓаните“ во меѓусебниот дуел, во последен момент, од гол-линијата, ја исфрли топката и на тој начин спречи пораз“, се потсети Јирген.

Се вчитува...