Клоп верува во „сто милионското промашување“: Не знаете колку добар може да биде…

Дарвин Нуњез летото пристигна на „Енфилд“ како огромно засилување од сто милиони евра, но не успеа да ги исполни очекувањата. Уругвајскиот репрезентативец досега одигра 14 натпревари во „црвениот“ дрес, забележувајќи шест гола, но во сенка остнаа себичните потези и промашувања на поголем дел од средбите.

Говорејќи за медиумите за поразот од Лидс во кој напаѓачот повторно го чинеше својот клуб поени, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп застана во одбрана на својот играч велејќи дека има потенцијал за кој ни самиот не знае.

„Верувајте никој не знае колку добар може да биде Дарвин, ни тој самиот. Мора да остане здрав и да биде достапен за натпреварите и ќе го исполни својот потенцијал. Ќе работиме на подобрување во повеќе сегменти“, вели Клоп.

Се вчитува...