Клоп: Ветувам, ако ја освоиме титулата во Премиер-лигата ќе има парада во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им вети на навивачите на клубот дека доколку ја освојат титулата во Премиер-лигата, парада за освојувањето ќе има кога ќе помине кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

„Ветувам, ако ја освоиме титулата, ќе има и парада. Било кога. Потребен ни е само еден ден кога сите ќе можат да дојдат и тогаш ќе го направиме тоа. Народот во Ливерпул го заслужува тоа“, изјави Клоп. 

Ливерпул може да ја освои титулата веќе во првото коло по рестартот на сезоната, ако во градското дерби го победи Евертон, а Манчестер Сити загуби од Арсенал. Сити и Арсенал играат на 17. јуни, додека градското дерби на Ливерпул е закажано за три дена подоцна.

Се вчитува...