Клоп во изолација: Станав мајстор за миење садови, еднаш дури и готвев…

Никому не му е лесно во изолација, а стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп, е принуден многу повеќе да се фокусира на обврските во домаќинството во ситуација кога се уште е неизвесно кога ќе продолжи фудбалската сезона.

„Точно е, правам работи што досега не сум ни помислувал да ги извршувам, па така станав експерт за миење садови. Покрај тоа, се обидувам и да готвам. Го направив првиот омлет во животот, но мојата сопруга ме замоли никогаш повеќе да не се обидувам. Имам 52 години и се уште не знам како да врзам вратоврска. Во следната седмица напорно ќе работам на тоа“, истакнува Клоп.

Воедно, тој го искористил времето и за воспоставување на контакт со пријателските од училишните денови.

„Тоа навистина е позитивна работа, преку социјалните мрежи ги најдов луѓето со кои долго немав контактирано, а сега имам доволно време за комуникација. Можам да кажам дека сите се изненадени колку сум активен“, коментира стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...