Клоп во последен момент ја „краде“ најголемата желба на Манчестер јунајтед

Ливерпул ќе тргне во офанзива на фудбалерот на Борусија дортмунд, Џејдон Санчо, пренесува германскиот „Билд“. Покрај одличните партии во премиер-лигата, Ливерпул има големи шанси да го порази Манчестер јунајтед и во борбата за еден од најталентираните англиски фудбалери.

Од Манчестер јунајтед одамна се заинтересирани за услугите на Санчо, но тимот од „Олд трафорд“ ќе мора да се пласира во Лигата на шампионите, бидејќи Англичанецот сака да игра во елитното европско натпреварување.

Санчо нема проблем да премине на „Енфилд“, но Борусија дортмунд за него бара 140 милиони фунти.

Се вчитува...