Клоп во Севилја пронајде идеално засилување за Ливерпул

Јирген Клоп во летниот преоден рок би можел да доведе уште еден централен дефанзивец, кој ќе биде во комбинација со Виргил Ван Дијк.

Изминатиов период се шпекулираше дека Ливерпул ќе стартува акција за доведување на Де Лихт, но сепак англиските медиуми откриваат дека стоперот на Севилја, Диего Карлос ќе биде засилувањето за „црвените“ во летниот преоден рок.

Клоп смета дека Бразилецот би бил идеален партнер на Ван Дијк во последната линија на Ливерпул. Диего Карлос на почетокот од сезоната пристигна во Севилја од Нант за 16 милиони евра.

Се вчитува...