Клоп воодушевен: Голот на Салах ќе се памети и по 60 години (ВИДЕО)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не криеше колку бил фасциниран од голот на Мохамед Салах што беше постигнат против Манчестер Сити. Дербито на „Енфилд“ заврши со резултат 2-2. Дуелот го одбележа фантастичниот гол на египетскиот фудбалер.

Клоп ги „пецна“ Роналдо и Меси, потенцирајќи дека доколку некој од нив успееше да даде ваков гол, тогаш сите ќе зборуваа за тоа и ќе кажеа дека се фудбалери од светска класа.

„Доколку Кристијано Роналдо или Лионел Меси постигнаа таков гол, ќе беше кажано дека тоа е светска класа. Салах го даде затоа што е исто така светска класа. Само најдобрите фудбалери можат да постигнат такви голови. Неверојатен гол! Луѓето долго ќе зборуваат за овој погодок, сигурно во следните 50 или 60 години, навивачите ќе го паметат овој гол“, изјави Клоп.

 

 

Се вчитува...