Клоп: Воопшто не се грижам за Џерард

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп  даде свое мислење за Стивен Џерард, кој по слабиот старт на сезоната доби отказ од Астон Вила.

Тимот од Бирмингем имаше неочекувано слаб старт на сезоната во Премиер-лигата, а по поразот од Фулам, поранешниот англиски репрезентативец мораше да ги спакува куферите.

„Разговаравме по неговата смена. Не можам да кажам ништо за неговата емотивна состојба, но мислам дека е разочаран со оглед на неговите амбиции. Но, не треба да се грижите за него, тој разбира дека такви работи се случуваат. Откако ја заврши својата играчка кариера, секогаш работеше“, изјави Клоп.

Астон Вила во моментов е на 17. позиција во англиското првенство со девет бода од 11 натпревари.

Се вчитува...