Јирген Клоп не го криеше задоволството по освоениот трофеј во лига-купот на Англија во драматичното финале на „Вембли“ кое беше решено со 11 серии во пенал-рулетот.
Стратегот на Ливерпул остана доследен на својата првична најава, давајќи му шанса на младиот Каомин Келехер на голот пред Алисон Бекер, а токму Келехер го постигна последниот пенал за Ливерпул.
„И во професионалниот фудбал има простор за сентименталност, зарем не… Келехер е млад голман, но бранеше на сите натпревари до финалето, така што проблемот беше јасен. Јас сум две работи, професионален фудбалски тренери, но исто така сум и човечко суштество. Во конкретниот случај – човечноста пред победи пред професионализмот и пресреќен сум за Келехер“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА