Германците прерано го завршија настапот на овој мундијал и како што тоа вообичаено се случува, вината не ја бараат во сопствените редови, туку во судиските одлуки.
Во овој конкретен случај, во поништениот гол на Тах за 2-1 постигнат во првото продолжение, погодок што беше поништен поради контактот на Антон со парагвајскиот голман во противничкиот петерец.
„Видовме многу полоши ситуации, поочигледни контакти што не се свиреа на ова светско првенство. Тоа е нормален контакт и никако не може да биде окарактеризиран како фаул“, прокоментира германскиот судиски експерт Торстен Кинхофер.
Најоригиналниот коментар на оваа тема го даде Јирген Клоп, кој потсети на бројните погодоци што Арсенал ги даде од слични ситуации минатата сезона.
„Ако она е поништен гол, тогаш Арсенал не би бил првак на Англија. Па тие постигнаа 60% од своите голови на таков начин. Ова е брутално“, рече Клоп за германската Магента ТВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
