Клоп за Рангник на клупата на Манчестер Јунајтед: Ова не е добра вест…

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го коментираше назначувањето на Ралф Рангник за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Тој искажа само пофални зборови за својот сонародник.

„Добар тренер, за жал оди во Манчестер Јунајтед. Тој е искусен тренер и има изградено два клуба од нула. Отсекогаш сакал да биде менаџер. Јунајтед ќе биде организиран на теренот. Ова назначување, верувајте, не е добра вест за другите тимови“, изјави Клоп и додаде:

„Сепак, на сите тренери им треба време да се адаптира. Ралф брзо ќе сфати дека нема време за ова, натпревари постојано се играат, што е комплицирано. Но верувам дека ќе се снајде. Ако се случи, тогаш му посакувам добродојде во Англија“, вели менаџерот на Ливерпул.

Се вчитува...