Клоп за трошењето на Челси: Не смеам да одговорам без присуство на адвокат

Јирген Клоп се мачи да најде одговор за големата криза во која се наоѓа Ливерпул, а новинарите ја искористија прес-конференцијата пред дуелот со Вулверхемптон за прашање околу тимот на Челси и огромните вложувања на лондонскиот клуб во текот на јануарскиот преоден рок.

Клоп исто така бараше засилувања во јануари, но го доведе само Коди Гакпо, додека Челси ги ангажираше Енцо Фернандез, Мудрик, Бадијашил, Мудиеке и Жоао Феликс, па јасно е дека на германскиот стратег не му беше сеедно да говори на оваа тема.

„Не смеам да кажам што навистина мислам без присуство на адвокат“, со насмевка го почна одговорот на прашањето Клоп, па продолжи: Да бидам искрен, не го разбирам тој дел од работата. Бројките се навистина огромни, во прашање се навистина добри играчи, му честитам на Челси. Не знам како е сето тоа возможно, но не е мое да навлегувам во такви анализи“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Се вчитува...