Клоп: Зошто не даваме голови… искрено, немам објаснување

Ливерпул ремизираше 0-0 против Манчестер Јунајтед останувајќи на три бода заостанување зад „црвените ѓаволи“ на табелата. Слабиот напад повторно беше проблем за Јирген Клоп, особено ако се знае дека „црвените“ веќе трет натпревар по ред не знаат како да постигнат гол.

„Искрено, немам објаснување зошто се мачиме да постигнеме гол. Желбата е тука, но сега веќе сите стануваат нервозни кога ќе се најдеме во ситуација. Вакво работи се случуват во фудбалот, против Палас дадовме седум, се што шутнавме заврши во мрежата, а сега не можеме да погодиме буквално ништо. Нервоза постои, но верувам дека наскоро ќе влеземе во посакуваниот ритам“, изјави Клоп.

Што се однесува до самото дерби, тој генерално беше задоволен од прикажаната игра.

„Игравме сосема добро, се што недостигаше беше гол. Ако победевме со 1-0 сите ќе велеа дека сме одиграле одличен натпревар. Тие имаа свои шанси во финишот, но тоа е сосема нормално бидејќи Јунајтед е одличен тим што се наоѓа во добра форма. Ние го имавме Алисон на голот, кој не им дозволи да дадат гол“, истакна стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...