КЛС и АБА седнуваат на маса за доброто на кошарката

АБА лигата е пред сериозен предизвик и може да остане без спектакуларно финале откако бранителот на трофејот, Црвена Звезда јасно стави дознаење дека нема намера да излезе на мегдан и да ја почне финалната серија во регионалното натпреварување во која треба да се сретне против вечниот ривал Партизан додека не ги заврши обврските во српскиот плејоф.

Термините за одигрување на двете финални серии се поклопуваат па иднината на АБА „виси“, но се чини дека наскоро ќе се најде решение кое ќе биде во полза на регионалната кошарка.

Имено како што откриваат српските медиуми, раководството на Кошаркарската лига на Србија повикала итен состанок со раководството на АБА за пронаоѓање на решение и услогласување на термините од финалните серии. Очекувањата се дека брзо ќе се најде решение па и двете првенства на позитивен начин ќе го доживеат својот крај.

Се вчитува...