Клубот на Руни испадна во трета лига, а тој одржа говор пред играчите и навивачите

Дерби Каунти, клубот кој оваа година се натпреваруваше во Чемпионшип, од следната сезона ќе игра во Лига Еден, или трета по ранг во Англија. Екипата која ја води англиската легенда Вејн Руни првпат по 36 години испадна во овој ранг, а голема заслуга за тоа се одземените 21 бод, поради заминување на клубот во стечај и кршење на прописите околу профатибилноста и одржливоста утврдени при продажба на стадионот „Прајд Парк“ на поранешниот сопственик Мел Мерис.

Руни после поразот од КПР ги изведе играчите пред навивачите и им кажа што мисли.

„Ви благодарам на поддршката која ја пружавте во текот на целата сезона. Беше многу тешко, имаше многу тешки моменти. Дадовме се од себе. Тажно е што испаднавме, но планираме веднаш да се вратиме“, рече Руни.

Дерби освои 52 бода на терен, и со та ќе обезбедеше опстанок, но многу влијаеше одземањето на 21 бод.

Се вчитува...