Клубовите ќе мора да крпат состави и со младинци бидејќи Премиер-лигата нема да одложува натпревари поради COVID-19

Премиерлигашката сезона ќе се одвива најнормално и клубовите ќе играат дури и да имаат појава на COVID-19 кај повеќемина играчи. Ова им било соопштено на клубовите во пресрет на стартот на новата сезона предвиден за в сабота. Премиер-лигата е решена сезоната 2020/21 да заврши според предвиденото и навреме и клубовите ќе бидат принудени да играат дуели и ако имаат само 14 фудбалери на располагање. Барањата за одложување на натпреварите ќе бидат одбивани освен во ситуација кога во тимот ќе има помалку од 14 здрави играчи. Клубовите ќе бидат обврзани да го стават во погон и тимот до 21 година за да ги пополнат местата до потребната бројка.

Во насоките кои ги добиле клубовите прецизно стои дека секој малдинец кој барем една минута играл за првиот тим во Премиер-лигата во Чемпионшип или дури и во странство ќе треба да биде промовиран во сениорскиот состав за да се достигне потребната бројка фудбалери за да се одигра предвидениот натпревар. Премиер-лигата нема да одложува натпревари и во случај кога некој од играчите ќе го прекрши протоколот за COVID-19 или ќе се наоѓа во обврзната самоизолација што ја налагаат властите поради патување во други држави.

Наоските од УЕФА се исто така многу ригорозни. Според еврпската фудбалска асоцијација, клуб кој нема да може да собере бројка од 13 играчи службено ќе го загуби натпреварот. Овој концепт дополнтелно треба да биде потврден од Премиер-лигата.

Се вчитува...