Португалсиот дефанзивец Нуњо Мендеш, го продолжи договорот со ПСЖ, и во следните пет години останува на „Паркот на принцовите“. 22-годишниот лев бек од 2021 година е дел од ПСЖ, и ќе остане уште долго во Париз, со оглед дека челниците на францускиот првак се задоволни од неговите изданија.
Мендеш во ПСЖ дојде од Спортинг, најпрво како позајмен играч во сезоната 2021/22, а потоа и целосно откупен договорот. ПСЖ го откупи за 38 милиони евра, и тогаш потпиша на четири години, односно неговиот договор беше до 2026 година.
Мендеш по трансферот во ПСЖ стана и репрезентативец на Португалија, за која има 33 настпаи. Претходно играше и во помладите селекции на својата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА