Клучните бројки и датуми за новата НБА-сезона

Сега веќе е и официјално, новата сезона во НБА-лигата ќе стартува на 22 декември, откако беше постигнат целосен договор меѓу раководството на лигата и Здружението на кошаркари. Ова се клучните датуми и бројки поврзани со новата сезона.

18 ноември – НБА-драфтот ќе се одржи за осум дена од денеска. Поради пандемијата од Covid-19, изборот на нови кошаркари ќе биде „онлајн“.

20 ноември – Отворање на „пазарот“ за трансфери. Беше најавено дека ќе биде отворен непосредно по драфтот и тоа се реализираше. Достапни се бројни врвни имиња, па за очекување е наскоро да проследиме неколку „бомби“ на НБА-маркетот.

109,1 милиони долари – износ на селари-капот за новата сезона, идентична сума како и лани.

132,6 милиони долари – износ за кој е одреден „данок на луксуз“.

1 декември – почеток на тренинг-камповите.

22 декември – СТАРТ НА СЕЗОНАТА. Челниците на НБА инсистираа на почеток пред Божиќ, со што е предвидено да се заштеди околу една милијарда долари.

72 – број на натпревари во регуларниот дел од сезоната, намален за шампионатот да заврши пред ОИ.

29 јуни – почеток на предолимписките квалификации. Пласман на ОИ имаат обезбедно САД, Шпанија, Аргентина, Австралија, Франција, Иран и Нигерија. Сепак, огромни се шансите дека во предолимписките квалификации ќе ги нема Дончиќ, Јокиќ, Адетокумбо, Сабонис… доколку нивните тимови ги минат првите рунди од плејофот.

22 јули – Датум за евентуална мајсторка во големото финале, доколку мора да се играат седум натпревари.

23 јули – Почеток на Олимписките Игри во Токио . Кошаркаскиот турнир на ОИ ќе се одржи од 25 јули до 7 август.

Се вчитува...