ПОТЦЕНУВАЧКИ – Бонучи, не размислува за Македонија, туку веќе за дуел со Роналдо во баражот за СП

Италија со сите мисли е веќе во баражот во март против Македонија, но главно фудбалерите веќе размислуваат за финалниот натпревар против Португалија. Еден од нив е и Леонардо Бонучи кој за италијанската национална телевизија РАИ зборуваше за дуелот против неговиот некогашен соиграч Кристијано Роналдо.

„Се слушнав и претходно со него. Малку се смеевме пред можната пресметката меѓу Италија и Португалија. Ќе видиме што ќе се случи на теренот, но Кристијано може да очекува удари. Ќе немам милост кон него“, рече Бонучи.

Сепак, Бонучи кажа дека најпрво фокусот ќе биде на дуелот со Македонија.

„Знаеме дека со освојувањето на ЕП постигнавме нешто значајно. Но, сега мораме целосно да се фокусираме кон дуелот со Македонија. Моите деца никогаш не ја виделе Италија како игра на Светско првенство, па сакам да им го дадам тој подарок“, рече Бонучи.

Се вчитува...