Кочов: Ќе се обидеме да победиме на вториот меч против Приморска

МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз (93-71) ја отвори финалната серија против Приморска за пласман во АБА-лигата. Тренерот Ѓорѓи Кочов призна дека словенечкиот тим беше подобар во сите сегменти и ја заслужи победата. Посакува МЗТ да возврати веќе на утрешниот втор финален натпревар во серијата до три победи.

„Честитки до тимот на Приморска за комплетно заслужената победа. Противникот беше подобар во сите сегмети на играта. Имаше одличен процент на реализација, играше добра кошарка и имаше агресивна одбрана. Ќе се обидеме да се подготвиме за утрешниот втор меч и да победиме“, изјави Кочов.

Вториот натпревар од финалната серија се игра утревечер, со почеток во 20 часот, а потоа се предвидени два дуели на кои домаќин ќе биде МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...