Кочов: Притисокот не смее да ни биде изговор

Шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, има причина за незадоволство откако неговиот тим претрпе уште еден убедлив пораз од Приморска во финалната серија од АБА2 лигата. Словенечкиот тим повторно одигра на максимално високо ниво, додека „металците“ слично како и на првата средба заминаа на одмор со двоцифрена негатива, а на крајот натпреварот го загубија над поени разлика.

„Честитки за тимот на Приморска. Се повтори приказната од понеделникот, првото полувреме го одигравме речиси целосно коректно, но во тие две-три минути во кои имавме пад во одбраната домаќините стигнаа до десет поени предност. Се обидовме да се вратиме, но не успеавме. Мојата екипа беше непрепознатлива. Притисокот никако не смее да ни биде изговор, бидејќи во нашите редови имаме искусни кошаркари“ – истакна Кочов.

Време за одмор нема, бидејќи МЗТ Скопје веќе утре го пречекува тимот на Приморска во третиот натпревар од оваа финална серија, во кој евентуален пораз ќе значи и крај на надежите за титулата во АБА2 лигата.

Се вчитува...