Кочов: Против Сутјеска ќе биде борба во сите 40 минути

Кошаркарскиот првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со Сутјеска (18.00 часот ) ќе треба да им се врати на победите во АБА 2 лигата по високиот пораз во дербито на врвот од Борац во минатото коло со кој беше прикната серијата на тимот од „Јане Сандански“ од три последовни успеси врзани во финишот од претходната и на почетокот од оваа година. Сутејска во Скопје доаѓа по два врзани порази по кои падна на петтата позиција на табелата.

„Без разлика што во следните три дена не очекуваат два натпревари во пресметката со Сутјеска ќе влеземе максимално и без калкулации. Ќе дадеме се од себе да го одбраниме домашниот терен каде што сезонава сме без пораз. Ни доаѓа противник кој максимално го респектираме, но кошаркарите се свесни за значењето кое го има овој меч. Поддршката од нашиот шести играчи од трибините ќе ни биде и тоа како добредојдена во обидот да дојдеме до посакуваниот тирумф за кој, сигурен сум ќе се води борба во сите 40 минути“ – вели тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Во првиот меѓусебен дуел сезонава, МЗТ Скопје Аеродром на госувањето во Никшиќ загуби убедливо со 85-70.

 

 

 

Се вчитува...