Кое е детето на фотографијата со Бекам од пред 12 години?

Дејвид Бекам во 2005 година ја посети својата фудбалска академија и се фотографираше со дел од членовите, а една од тие фотографии денеска се најде во фокусот на британската јавност. Крај Бекам се наоѓа 12-годишниот Хари Кејн, детето кое ги правеше првите фудбалски чекори, а денеска важи за еден од најдобрите голгетери во светот.

Кејн со хет-трикот на вчерашниот дуел со Саутемптон урна неколку рекорди, постигнувајќи повеќе голови во 2017 година од Лионел Меси, но и повеќе премиерлигашки погодоци од рекордното остварување на Алан Ширер.

Детето порасна и стана фудбалска мегаѕвезда.

Се вчитува...