Кога ќе му тргне, не запира – Кристијано Роналдо

Повеќе од 300 минути игра му беа потребни на Кристијано Роналдо да го скрши малерот во дресот на Јувентус, но кога ќе му тргне, Португалецот потоа е незапирлив.

Го почувствува тоа на своја кожа и Сасуоло, па така Кристијано постигна и втор погодок, само петнаесет минути по својот деби-гол за Јуве. Роналдо дефинитивно се разбуди, и тоа во пресрет на стартот на настапите во Лигата на шампионите, нека му ја мислат противниците на „старата дама“.

 

 

Се вчитува...