Кога ќе заиграш со идолот – Џеси Лингард мечот со Њукасл го чекаше цел живот

Судбината сакаше Кристијано Роналдо да се врати на „Олд трафорд“ и таму да го дочека Џеси Лингард на кого Португалецот му беше идол од детството. Кога Кристијано првпат дојде во Јунајтед, Џеси Лингард беше талентирано 10-годишно момче од академијата на клубот.

Набрзо се „заљуби“ во Португалецот, кој му стана пример и идол за што зборува и фотографијата од тие денови. Лингард не дочека во тоа време да заигра со него бидејќи во првиот тим беше прекомандуван во 2011 година, две години откако Роналдо замина во Реал Мадрид.

Сепак, судбината сакаше Роналдо да се врати на „Олд трафорд“ и таму да го дочека Лингард кој иако беше блиску до потпис со Вест Хем, само поради Португалецот реши да остане во Манчестер. На Лингард му се исполни сонот од дејството, а беше и стрелец на гол во победата од 4-1.

Се вчитува...