Кога не дава евроголови, Барди маестрално асистира (видео)

Енис Барди и сезонава е еден од клучните фудбалери на Леванте. Македонскиот репрезентативец не само што е мајстор за реализација на слободни удари, туку и знае како да ги разигра соиграчите како што тоа беше случај на самиот почеток од дуелот меѓу Еибар и Леванте.

Домаќините поведоа со 1-0, но неполни две минути подоцна Барди беспрекорно го проигра Моралес зад противничката одбрана, по што напаѓачот на Леванте го мина и голманот пред да ја смести топката во празната мрежа.

Се вчитува...