Кога не може Кавани, може Караско

Атлетико Мадрид не успеа да се договори со ПСЖ за да го откупи Единсон Кавани уште во јануари, но затоа се реализираше „планот Б“ на челниците на Атлетико, кои го договорија враќањето во Мадрид на Јаник Караско.

Белгискиот интернационалец мина три сезони во Атлетико, одигрувајќи 124 средби за овој клуб, постигнувајќи 23 гола и 17 асистенции. Тој по заминувањето од Шпанија се пресели во далечната Кина, но неговиот клуб Далијан даде зелено светло Караско да се врати назад во тимот на Диего Симеоне. Двата тима се договорија Белгиецот да пристигне на шестмесечна позајмица, а шпанскиот гигант ќе има можност летово целосно да го откупи неговиот договор за 12,5 милиони евра.

Караско ќе му биде од помош на Симеоне и во нокаут фазата од Лигата на шампионите, каде Атлетико во осминафиналето за ривал ќе го има европскиот првак Ливерпул.

Се вчитува...