Кога не му оди на Меси, тука е Алба

Барселона направи уште еден чекор напред кон нова титула во „Ла Лига“, славејќи со 2-1 над Реал Сосиеад и задржувајќи ја предноста од девет бода во однос на Атлетико Мадрид, на пет кола до крајот на сезоната.

Лионел Меси немаше свој ден по блесокот на дуелот од ЛШ против Манчестер Јунајтед, но Барса покажа дека знае да победува и кога аргентинскиот фудбалски генијалец не е во елемент. Ленгле го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, а откако Реал Сосиедад израмни, улогата на херој му припадна на Жорди Алба, кој неочекувано со силен удар со десната нога го матираше гостинскиот голман.

Се вчитува...