Кога нема играчи, добри се и куклите за тренинг

Менаџерите во Премиер-лигата на различни начини се обидуваат колку е можно нормално да продолжат со работата во екот на епидемијата од коронавирусот.

Новиот бран на омикрон видот прави големи проблеми во тимовите во Премиерлигата, па некои клубови се и повеќе од десеткувани. Манчестер јунајтед минатите денови на располагање имаше само седум фудбалери, а немаше многу ниту во другите клубови.

Што се однесува до Тотенхем кој денеска го дочекува Ливерпул, менаџерот Антонио Конте се снаоѓаше со уфрлување на играчи од младинскиот тим, али работата ја завршија и „чуњевите“. Металните силуети на играчи, му послужија на Конте како замена за вистинските фудбалери.

 

Се вчитува...