Кога Теодосиќ ќе полуди – беше исклучен, па почна да го брка судијата (видео)

Црвена Звезда беше демолирана со 45 разлика од Анадолу Ефес, меч на кој Милош Теодосиќ ги загуби нервите и влезе во конфликт со судијата Хуан Карлос Гарсија, па на крајот беше и исклучен.

Се почна од фаулот на Теодосиќ над Отуру по што шпанскиот судија му покажа и техничка грешка на српскиот плејмејкер. Тео ги загуби нервите и побара објаснување, но наместо тоа доби и втора техничка грешка, што значеше автоматско исклучување.

Асот ан Црвена Звезда во овие моменти полуде, па почна да го брка по теренот шпанскиот арбитар, а соиграчите помогнати од еден од судиите спречија уште посериозен инцидент.

Се вчитува...