Кога Жељко Обрадовиќ ќе полуди: „Чувајте ја топката, да ви е… мајката“

Еден од најголемите тренери во историјата на европската кошарка Жељко Обрадовиќ со својот Фенербахче гостуваше на пријателски турнир во Задар, Хрватска.

Неговата екипа го освои силниот турнир на кој беа и Милано, ЦСКА, Макаби и Баерн, а во финалето славеа против Израелците по продолженија.

Фенер ги доби сите три натпревари на турнирот. А иако стануваше збор за пријателски турнир на клупата на Фенербахче беше повеќе од жестоко. На дуелот против ЦСКА Жељко Обрадовиќ во неколку наврати комплетно полуде, притоа во една прилика и низ комбинација на англиски и српски јазик жестоко обраќајќи се до играчите…

„Чувајте ја топката, да ви ја е… мајката, да ви ја е…, безобразна“.

Се вчитува...