„Кого штити АТП? Тенисерите или Русија?“

АТП одлучи да не доделува бодови на Вимблдон, поради тоа што третиот гранд-слем во сезоната одлучи да не ги прими тенисерите од Русија и Белорусија како казна за инвазијата на Русија над Украина.

Реакции од играчите стигнуваат секој ден поради оваа одлука, а последен во низата е Французинот, Беноа Пер кој директно ја нападна АТП.

„Ќе играме турнир на кој нема бодови. Имаме три-четворица играчи од Русија кои се проблем на Вимблдон и АТП почнува да напаѓа. Штета за се што се случува, бидејќи нашиот глас треба да се слушне, а ние не ја разбираме оваа одлука. Најмалку 99 oтсто од играчите не разбираат, а јас сакам да знам дали АТП ги брани тенисерите или Русија“, изјави Пер..

Се вчитува...