Кои клубови го саботираат враќањето на Премиер-лигата?

Спортот во светот е суспендиран поради пандемијата од коронавирусот. Премиерлигашите последните натпревари ги играа на почетокот на месец март, а се уште е прашање кога и дали ќе биде завршена сезоната во англискиот шампионат.

Во Премиер-лигата има клубови кои го саботираат враќањето на терените, а тоа се последните шест на табелата. Асон Вила, Вотфорд, Вест Хем, Брајтон и Норич се шесте тима кои и не се многу заинтересирани за враќање на фудбалот, бидејќи сакаат да ја искористат пандемијата од Covid-19, како би останале дел од елитното натпреварување.

Пред суспендирањето на сезоната Ливерпул беше на само чекор од освојување на титулата по пауза од 30 години.

Се вчитува...