Кои се девојките кои за инает на Путин го прекинаа финалето (ФОТО)

Мундијалот во Русија имаше речиси беспрекорна организација, но се случи скандал во големото финале на „Лужњики“. Светот се прашува кои се девојките кои влетаа на теренот во второто полувреме, за инает на рускиот претседател Владимир Путин, да покажат пркос. Се работи за организацијата „Pussy Riot“, руски феминистички, анархистички колектив од Москва, кој делува како панк музички состав. Тие во Русија се познати по провокативните и политички мотивирани изведби на јавни места.

Ангажманот на оваа група е политички, а музиката е само една од формите на нивното делување. Темите со кои се бават се фемизмот, ЛГБТ правата, како и отпор кон политиката на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сметаат за диктатор. Токму затоа и влетаа денеска на теренот, за да му покажат на светот дека во Русија ништо не е така идеално.

Обезбедувањето брзо регираше и во рок од неколку минути ги отстрани девојките од стадионот, но и понатаму сите ќе се прашуваат како дамите облечени во смокинг успеаја да ја нарушат беспрекорната организација на финалниот меч на Светското првенство, среде Москва.

 

Се вчитува...