Кои се тука „кралеви“: Барди и другарите го растураат Реал среде Мадрид

Серијата очајни игри и резултати на Реал Мадрид од пред репрезентативната пауза продолжи и на денешниот дуел со Леванте, на кој „кралевите“ на домашен терен по само 13 минути игра се најдоа во негатива од 0-2.

Бејл и Бензема го почнаа мечот на клупата за резерви, а трагичар во првото полувреме е Рафаел Варан, кој е директен виновник за двата гола на Леванте, при првиот со лоша проценка на движењето на топката и на противникот, а при вториот со играње со рака за пенал.

Главниот судија најпрвин досуди слободен удар на работ од шеснаесетникот што требаше да го избеде Енис Барди, но по прегледување на снимката со ВАР беше покажано на белата точка. Реал неколку минути подоцна постигна гол, по судиските консултации со помошникот истиот беше признаен, но повторно ВАР-одлуката беше контра Реал, па погодокот беше поништен поради офсајд на Асенсио.

Едно е јасно, ако не дојде до пресврт, Хулен Лопетеги нема да го дочека „Ел Класико“ на клупата на Реал.

Се вчитува...