59-годишниот навивач на Вест Хем, Нолзи направи херојско дело во Алкмар откако храбро им застана на патот на ултрасите на АЗ и спречи да дојдат до трибината на која имаше семејни навивачи на англискиот им, меѓу кои и сопруги и деца на фудбалерите.
Нолзи е стар и легендарен навивач на Вест Хем кој е татко на четири деца, а повеќе од четириесет години е дел од сите натпревари на својот тим.
Тој вели дека не е херој, само дека постапил правилно.
„Не сум херој, само го правев тоа што требаше да го направам. И не е вистина дека сам се борев против напаѓачите. Имаше уште еден тип кој го правеше истото. Едноставно не сакам насилници, оние кои ги напаѓаат слабите и морав да направам нешто за да ги запрам. Така сум ги воспитал и своите четири деца. Секогаш ќе стојам во одбрана на жени, деца и послаби луѓе“, вели Нолзи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА