Кој е херојот на Парагвај: Продаваше дресови за да си го спаси болниот син, сега ја исфрли Германија од СП

Орландо Хил е името што секој Парагваец го знае од синоќа како свој личен херој, откако 199 сантиметри високиот голман го имаше мечот на кариерата, носејќи ја оваа репрезентација до триумф над големата Германија.

Хил со неколку одлични одбрани спречи Германците да слават по 120 минути игра, а потоа блесна во пенал-рулетот, запирајќи ги ударите на противничките напаѓачи Хаверц и Волтемаде и трасирајќи го патот до осмнафиналето.

Животната приказна на Орландо Хил е далеку од бајка, ако се знаат огромните проблеми со кои тој се соочил при раѓањето на синот Лаутаро Даниел. Младото семејство тогаш беше на работ на егзистенцијата, а голманот распродавал се од фудбалската опрема што ја имал, вклучувајќи го и дресот од У20 селекцијата на Парагвај со која тогаш оствари одличен резултат.

„Кога се роду Лаути, немавме буквално ништо. Орландо продаваше се што имаше, дресови од стариот клуб, па и спомените од младинските репрезентации. Нашиот син се бореше за живот, но неговиот татко секогаш беше тука за него. Не беше лесно, но со љубов и со жртвување се е возможно. Се надевам дека сега целиот свет ќе знае колку големо срце имаш“ истакна неговата сопруга Мелиса.

Она  што е интересно, Орландо на почетокот од кариерата не беше голман, туку напаѓач. На крајот, тренерот пречесе и му порача на младиот Орландо – или ќе застанеш на гол да видиме каков голман ќе станеш или ќе седиш на клупата. Одлука што дефинитивно му го промени животот.

Се вчитува...